Dmitri Chirciu
24 Март 2022•Ажурирај: 25 Март 2022
МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин со Советот за безбедност разговараше за преговарачкиот процес меѓу Русија и Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение од Кремљ, Путин одржа средба со членовите на рускиот Совет за безбедност.
На средбата на која се разговарало за преговарачкиот процес меѓу Русија и Украина, констатирано е дека „украинската страна го забавува овој процес“.
На средбата се разговарало и за санкциите кон Русија, а разменети се и мислења за макроекономската состојба во земјата.
Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана, кој присуствуваше на состанокот, даде информации за војната во Украина, хуманитарната помош и процесите на обнова на инфраструктурата во регионите кои се окупирани.