Ömer Tuğrul Çam
09 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска изјави дека Турција не сака Ирак да стане кофликтно поле за странските сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ние не сакаме Ирак да стане конфликтно поле за странските сили“, изјави Чавушоглу на прес-конференцијата заедно со неговиот ирачки колега во Багдад.
Тој додаде дека Иран не е сам и дека Турција е таму за да ги надминат тешките денови заедно.
„Ирак не е сам. Со Ирак ќе работиме заедно за надминување на тешките денови", рече шефот на турската дипломатија.
Чавушоглу е во посета на Ирак во екот на зголемената тензија меѓу САД и Иран, која започна со убиството на американскиот изведувач на работите во американската база во Ирак кон крајот на минатиот месец.
Ирачкиот највисок дипломат Мохамед Али ал Хаким, од своја страна, потврди дека разговорите со неговиот турски колега се фокусирале на потребата за почитување на суверенитетот на Ирак од сите страни.
Тој рече дека тие, исто така, разговарале за билатералните односи на сите нивоа на состанокот, и додаде: „Ние соработуваме со Турција за прашањето против тероризмот.“