Ekip
09 Јануари 2020•Ажурирај: 11 Јануари 2020
ПАРИЗ (АА) - Штрајкот на работниците поради владиниот план за реформи на пензискиот систем во Франција влезе во петтата недела и сериозно го наруши функционирањето на сите сервиси во таа земја, а новиот масовен собир е најавен и денеска во центарот на Париз, јавува Агенција Анадолија (АА).
На протестите денеска ќе се придружат илјадници вработени на транспортниот сектор, а паралелно со централниот собир во Париз најавени се протести и во Бордо, Тулуз, Лил, Рен и Лион.
Паралелно со тоа, синдикатите најавија нов штрајк за наредната сабота.
Штрајкот сериозно го наруши редот на возењето во железничкиот, автобускиот, поморскиот и авиопревозот, бидејќи компаниите вршат услуги со редуцирани капацитети.
Најавениот владин план за реформи на пензискиот систем во Франција беше повод за протестите и штрајковите кои траат од 5 декември минатата година.
Админстрацијата на францускиот претседател Емануел Макрон со новиот план заговара дека висината на пензиите се пресметува врз основа на износот на платите кои работникот ги имал за време на целиот работен век, а не врз основа на платите од последните пет години од работната кариера. Синдикатите тврдат дека тоа ќе резултира со значително помали пензии за идните пензионери.