Halil Ibrahim Avsar
22 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
ПАРИЗ (AA) - Репрезентативецот на Турција во борење Риза Кајалп освои златен медал во категоријата до 130 килограми во грчко-римски стил на Светското првенство во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот натпреварувач, кој во Париз ја бранеше титулата првак на светот, во финлето го победил Естонецот Хелко Баби со 2:1.
Кајлп досега три пати ја освоел титулата на светски првак, прв пат во Истанбул 2011 година, а потоа во Лас Велгас и сега во Париз.
Досега во кариерата седум пати ја освојувал титулата првак на Европа.