свет

Хусите со беспилотни летала нападнаа два саудиски аеродроми

Нападите се извршени со беспилотни летала од типот „Qasef-2“

Mehmet Nuri Uçar  | 16.06.2019 - Обновена : 17.06.2019
Хусите со беспилотни летала нападнаа два саудиски аеродроми

САНА/РИЈАД (АА) - Јеменските Хуси извршија напади со беспилотни летала на два саудиски аеродроми и тоа на Меѓународниот аеродром „Абха“ во регионот Асир и на аеродромот Џизан, пренесува Anadolu Agency (AA).

Јеменската телевизија „Ал Масира“ потврди дека се извршени напади на два аеродроми и дека биле успешни. Исто така, се наведува дека нападите се извршени со беспилотни летала од типот „Qasef-2“.

Од друга страна, саудиската телевизија „Ал Арабија“ потврди дека од подрачјето на Јемен со балистичка ракета е гаѓан аеродромот Абха, но нападот е спречен така што со проектилот е уништен со системот за противвоздушна одбрана.

Официјален Ријад сѐ уште не се огласи во врска со овој напад.

Претходно, бунтовничката група на Хусите презеде одговорност за гаѓањето на аеродромот Абха со крстосувачка ракета, велејќи дека проектилот погодил точно во целта.

Хусите од Јемен во последните неколку години користат беспилотни летала и проектили од долг и среден дострел, а цел се одредени подрачја во Саудиска Арабија. Сепак, саудиските одбранбени системи ги онеспособуваат.

Хусите од 2014 година имаат контрола над главниот град Сана и уште неколку подрачја во Јемен. Коалициските сили на чело со Саудиска Арабија, од март 2015 година на јеменските власти им пружаат поддршка во борбата против Хусите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın