Kasım İleri
16 Јуни 2019•Ажурирај: 17 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп, остро реагираше на написот на весникот „Њујорк тајмс“ (New York Times) во кој се тврди дека Соединетите Американски Држави (САД) инсталирале софтвер во руската електрична мрежа со цел вршење кибернапади, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Дали верувате дека неуспешниот „Њујорк тајмс“ направи вест во која се вели дека САД значително ги зголемува кибернападите врз Русија. Ова е вирутелен чин на предавство од весник кој едно време беше голем, очаен за вест, било каква вест, и да е лошо за нашата земја. Наводите не се точни. Сешто се случува со нашите коруптирани медиуми денес. Сешто прават и кажуваат без да мислат на последиците. Тие се вистински кукавици, и без сомнение непријатели на народот“, напиша Трамп на Твитер.
„Њујорк тајмс“ во една вест, врз основа на изјавите на поранешните и постоечките владини функционери, тврди дека како одговор на интервенциите на Москва на изборите во САД, Кибер командата на САД (CYBERCOM) испратила тајни американски компјутерски кодови до електричната мрежа во Русија и другите цели во земјата.
Се тврди дека овој акт врз руската електрична мрежа е реализиран без да се добие одобрение од Трамп.