Atila Altuntaş
16 Јуни 2019•Ажурирај: 17 Јуни 2019
СТОКХОЛМ (АА) - Ана Братен, челничка на екстремно десничарската група „Stop Islamisation of Norway-SION“ (Стоп за исламизацијата на Норвешка), која организираше протести за забрана на исламот во Норвешка, фрли примерок од Куранот на земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите беа организирани во градот Драмен, на околу 45 километри од Осло, каде што живеат голем број муслимани. Членовите на групата бараа забрана на исламот во Норвешка, а нивната челничка Братен порача дека во земјата нема место за исламот и дека примероците од Куранот треба целосно да се уништат.
Потоа зеде в раце примерок од светата книга на муслиманите за да го искине, при што интервенирала и полицијата. После тоа, Братен го фрлила примерокот од Куранот на земја и почнала да ги навредува муслиманите.
Инге Лансурд, од Управата на полицијата во Осло, за норвешката новинска агенција NTB истакна дека демонстрациите се прекинати поради провокациите.
Минатиот месец, лидерот на екстремно десничарската група „Stram Kurs“, Расмус Палудан, во Данска, во населено место каде што живеат голем број муслимани запали примерок на Куранот, а пред две недели, Марко де Вит, челникот на екстремно десничарската партија во Финска, Прво финскиот народ (Suomen Kansa Ensin), исто така, фрли еден примерок од Куранот на земја.