Recep Şakar
16 Јуни 2019•Ажурирај: 17 Јуни 2019
МЕЛБУРН (АА) - Министерството за цивилна одбрана и управување со итни состојби на Нов Зеланд (MCDEM) соопшти дека земјотрес со јачина 7,4 степени ги погодил островите Кермадек, кои се наоѓа во северниот дел на Нов Зеланд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството, по земјотресот било издадено предупредување за цунами, кое по извесно време било тргнато.
Островите Кермадек се наоѓаат во групата ненаселени острови, и се наоѓаат на околу 800 километри оддалеченост од Нов Зеланд.
Инаку, во земјотресот со јачина од 6,2 степени кој се случи во 2011 година во градот Крајстчрч во Нов Зеланд животот го загубија 185 лица, додека над 1.500 лица беа повредени.