Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
11 Март 2021•Ажурирај: 12 Март 2021
ИДЛИБ
- Мехмет БУРАК КАРАЏАОГЛУ / Ахмет КАРААХМЕТ
Хејам ел Нехар од Алепо, која загуби двете деца во нападите на режимот на Башар ал Асад во Сирија, наоѓа мир во гулабите кои ги огледува во Рејан во Идлиб, каде што е засолнета.
Хејам ел Нехар, која имигрирала од Алепо и се засолнила во камповите во близина на границата со Турција, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) истакна дека денот во кампот го минува со гулабите и дека е многу среќена со нив.
Изјавувајќи дека му е благодарна на Господа и покрај злото што го доживеала, Ел Нехар рече: „Барем имаме шатор каде што можеме да се засолниме. Имигрирав заедно со гулабите. Дури нив ги извлеков [од Алепо] пред моите деца.“
Наведувајќи дека е многу среќена кога ги гледа гулабите, Ел Нехар нагласи:
„Кога времето е убаво, ги пуштам да излегуваат надвор. Кога е студено, остануваат внатре. Денот го минувам со гулабите. Ги хранам, им давам вода. Во нив го наоѓам својот мир.“
Ел Нехар, која ги загуби своите двете деца во нападите на режимот на Асад, нагласи дека мигрирала заедно со гулабите, но дека во кампот нема услови за да се грижи за своите гулаби.
„Без оглед на тоа што ќе се случи, ќе продолжам да живеам како среќен човек. Децата и роднините се со мене. И да не е како во селото, животот продолжува“, рече Ел Нехар.
- Ситуацијата во Идлиб
Со посредство на Турција, Русија и Иран, за време на Мајските преговори во 2017 година во Астана, Идлиб беше прогласен за една од четирите зони на деескалација.
Силите лојални на режимот на Асад го прекршија договорот и зазедоа три зони, а во Сочи на 17 септември 2018 година беше постигнат дополнителен договор за примирје во Идлиб и за воспоставување деескалациска зона.
Турција во септември 2018 година во Сочи со Русија се договори за зајакнување на Договорот за прекин на огнот.
Русија и режимските сили започнаа операции за заземање на целиот регион во мај 2019 година и зазедоа неколку големи населби во деескалациската зона во Идлиб.
Конечно, во Москва на 5 март 2020 година беше постигнат нов договор меѓу Турција и Русија.
Примирјето, што режимските сили повремено го кршеа, во голема мера се применува.
Во периодот 2017 - 2020 година, речиси 2 милиони цивили беа принудени да мигрираат во регионите близу границата со Турција поради нападите на режимските сили и Русија.