свет

Француски војници нападнати со автомобил бомба во Мали

Според вестите објавени во националните медиуми, возилото исполнето со експлозив било насочено кон француските војници во регионот Тимбукту, што се наоѓаат во тој дел од Мали во рамките на операцијата „Бахран“. Во нападот се ранети многу војници.

Ahmet Emin Dönmez  | 21.06.2021 - Обновена : 21.06.2021
Француски војници нападнати со автомобил бомба во Мали

ЈУАНДЕ

Напад со возило исполнето со експлозив е изведен врз француските војници кои во рамките на операцијата „Бахран“ се наоѓаат во Мали. Во нападот се ранети голем број војници на Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите објавени во националните медиуми, возилото исполнето со експлозив било насочено кон француските војници во регионот Тимбукту, што се наоѓаат во тој дел од Мали во рамките на операцијата „Бахран“. Во нападот се ранети многу војници.

Во вестите се наведува дека повеќе хеликоптери се испратени во регионот.

Емануел Макрон, претседателот на Франција, на 10 јуни изјави дека операцијата „Бахран“ ќе биде прекината како дел од длабоката трансформација на военото присуство на неговата земја во регионот.

Франција ја започна операцијата „Бахран“ на 1 август 2014 година, по воената операција „Сервал“, што во Мали стартуваше на почетокот од 2013 година.

Повеќе од 5.000 француски војници учествуваат во операцијата „Бахран“, која чини 1 милион евра на ден.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın