свет

ЕУ ги проширува санкциите против Русија поради нелегалното анектирање на Крим

Според мерките, на европските компании вклучени во телекомуникацискиот, транспортниот и енергетскиот сектор не им е дозволено да извезуваат стоки и услуги на локалните фирми

Agnes Szucs  | 21.06.2021 - Обновена : 22.06.2021
ЕУ ги проширува санкциите против Русија поради нелегалното анектирање на Крим

БРИСЕЛ (АА) - Министрите за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ) денес одлучија да ги прошират економските санкции за Русија за уште една година поради нелегалното анектирање на Крим и Севастопол, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според мерките, на европските компании вклучени во телекомуникацискиот, транспортниот и енергетскиот сектор не им е дозволено да извезуваат стоки и услуги на локалните фирми.

Одлуката ја вклучува и забраната за увоз на стоки од Крим и Севастопол, а ги таргетира и финансиските инвестиции и туризмот во тие подрачја.

Санкциите, кои се на сила од 2014 година, се обновуваат до 23 јуни 2022 година.

Односите меѓу ЕУ и Русија значително се влошија во текот на изминатите години.

Минатата недела, шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, го претстави својот предлог за текот на односите на Блокот со Русија.

Шефовите на држави и влади на ЕУ се очекува да го усвојат својот став за односите со Русија на претстојниот самит, што започнува во четврток.

Унијата применува различен режим на санкции од 2014 година, вклучително и замрзнување на имотот и ограничувања на патувањето како одговор за кршењето на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и неподготвеноста на Москва да го спроведе целосно договорот од Минск, за да се воспостави прекин на огнот во Источна Украина.

ЕУ исто така воведе санкции за четворица руски високи функционери поради произволното апсење, гонење и изрекување казни на опозиционерот Алексеј Навални, во рамките на глобалните санкции за човекови права во март.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.