свет, Коронавирус

Во светот аплицирани над 2,66 милијарди дози од вакцините против коронавирусот

Турција е деветта земја во светот по бројот на вакцинирани. Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во земјата дадени се повеќе од 42,27 милиони вакцини

Emre Aytekin  | 21.06.2021 - Обновена : 22.06.2021
Во светот аплицирани над 2,66 милијарди дози од вакцините против коронавирусот

АНКАРА (АА) - Во светот се дадени повеќе од 2,66 милијарди дози од вакцините против коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Податоците објавени на страницата „Ourworldindata.org“ покажуваат дека Кина, со повеќе од 1,03 милијарди дадени дози, е земја со најмногу вакцинирани.

Следуваат САД со 317,97 милиони, Индија (повеќе од 280,02 милиони), Бразил (86,96 милиони), Велика Британија (74,3 милиони), Германија (66,45 милиони), Франција (48,21 милион), Италија (46,02 милиони), Турција (42,27 милиони) и Мексико (40,03 милиони).

Земја со најмногу вакцинирани врз основа на бројот на жители се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), каде што на 100 жители се дадени 146,21 доза од вакцините.

Следуваат Малта (141,74), Сејшели (140), Сан Марино (128,68), Израел (122,99) и Бахреин (114,21).

Турција е деветта земја во светот по бројот на вакцинирани. Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во земјата дадени се повеќе од 42,27 милиони вакцини.

Во Турција на 100 жители се дадени 49,88 дози вакцини. Првата доза ја примија 27.809.728 лица, а втората доза 14.467.797 лица.

Повеќето вакцини против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на вакцините не е еднаков на бројот на лицата што се целосно вакцинирани.

Податоците објавени на страницата „Worldometers“ покажуваат дека бројот на заразени со коронавирусот во светот надминал 179,31 милион, а од последиците на Ковид-19 починале повеќе од 3,88 милиони лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın