свет

Германија: Отворена истрага против „Епл“

- Германската федерална канцеларија за картели (Bundeskartellamt) започна истрага за тоа дали „Епл“ (Аpple) ја злоупотребил својата доминација на пазарот

Bahattin Gönültaş  | 21.06.2021 - Обновена : 22.06.2021
Германија: Отворена истрага против „Епл“

БЕРЛИН

Германската федерална канцеларија за картели (Bundeskartellamt) започна истрага за тоа дали „Епл“ (Аpple) ја злоупотребил својата доминација на пазарот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Федералната канцеларија за картели во писменото соопштение истакна дека по поплаките за ограничување на следењето на корисниците во оперативниот систем „iOS 14.5“ на „Епл“, започната е истрага за тоа дали американската компанија ја злоупотребува својата доминација на пазарот.

Во соопштението во кое се наведува дека предмет на испитување ќе бидат вградените апликации на „Епл“ и други поплаки за апликациите поврзани со системот за купување, се потсетува дека испитување од можна злоупотреба на доминацијата на пазарот е покрената кон Фејсбук на 28 јануари, кон Амазон на 18 мај и кон Гугл на 25 мај.

Во меѓувреме, со донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за монопол во однос на дигиталните компании во Германија во јануари 2021 година, Федералната канцеларија за картел доби поголеми овластувања за да ја утврди доминацијата на пазарот на компаниите и да се забранат одредени антиконкурентни практики.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.