Dejan Maksimoviç
09 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
БЕРЛИН (АА) - Во тешка несреќа на возови која се случи утринава во јужна Германија, четири лица загинаа а околу 150 се повредени, потврдија од полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила околу седум часот изутрина кај гратчето Бад Аиблинг во Баварија. Полицијата потврди дека четири лица загинале. Соопштено е дека, засега, има околу 150 повредени лица, од кои десет се во тешка состојба.
До директен судир на два воза дошло кога еден од нив излетал од шините. При сударот неколку вагони се превртеле.
Службите на итната медицинска помош и спасување се на местото на настанот, но според зборовите на портпаролот на полицијата во областа Росенхеим ситуацијата е комплицирина. На ливадата близу несреќата се наоѓаат осум хеликоптери и голем број возила на итната медицинска помош.
Поради железничката несреќа дојде до застој на сообраќајот. Пругата помеѓу Холзиркен и Росенхеим е блокирана, па во овој правец е воведена вонредна автобуска линија.