Fatih Erel
08 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Независната истражувачка комисија на Обединетите нации за Сирија во најновиот извештај наведува дека силите на сириската армија и терористичката организација ДАЕШ и Ел Нусра со тортура и масовно погубување на затворениците во затворите, извршиле злосторства против човештвото и воени злосторства, јавува Anadolu Agency (AA).
Извештајот на Комисијата на ОН се однесува на систематската злоупотреба и убиство на затворениците во Сирија во периодот од 10-ти март 2011 до 30-ти ноември 2015 година, а е подготвен врз основа на сведочењето на 621 лица.
Укажувајќи на масовни егзекуции и исчезнувања на луѓето во официјалните и неофицијални затвори во Сирија, во извештајот се наведува дека затворениците се носат во привремени затвори далеку од фронтовите на војната и очите на јавноста и дека таму систематски се малтретирани и убивани.
"Сирискиот режим за воени злосторства и злосторства против човештвото извршување масовни убиства, злоупотреба, силување, притвор, киднапирања и други злосторства против народот", се вели во извештајот.
Во извештајот, исто така, додава дека илјадници затвореници биле тепани или на друг начин злоупотребувани до смрт во нехумани затвори.
"Сирискиот режим од март 2011 година врши своеволно затворање на луѓе кои ја поддржуваат опозицијата или пружаат недоволна поддршка на режимот, а тоа особено важи за мажите постари од 15 години, кои силите на режимот ги апси со пребарување на домовите или на контролните пунктови. За тортурата и мачењето кое го искусиле во сириските затвори сведочат над 500 затвореници кои успеале да избегаат. Над 200 лично присуствувале на најмалку едно убиство во тие затвори", се вели во извештајот.
Од Комисијата на ОН велат дека воените злосторства и злосторствата против човештвото во Сирија ги прави терористичката група Ел Нусра и некои вооружени групи кои се борат против сирискиот режим, а кои ги злоупотребуваат и ги убиваат заробените војници на сириската армија.
Според извешатојот, терористичката организација ДАЕШ на различни локации во Сирија има затвори каде што затворениците се малтретираат. Во заклучокот на Комисијата на ОН се вели дека воените злосторства и злосторствата против човештвото треба да бидат вклучени во процесот на барање политичко решение на кризата во Сирија.