Ekipa
15 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот премиер, Мануел Валс, изјави дека Владата прогласила тридневна жалост по терористичкиот напад во Ница во четврток во кои се убиени најмалку 84 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи по итниот состанок, премиерот Валс истакна дека тридневната жалост ќе започне утре. Освен тоа потврди дека предлогот за продолжување на вонредната состојба во земјата пред парламентарците ќе биде наредната недела.
Валс и претседателот Франсоа Оланд во текот на денот ќе одат во Ница.