Merve Berker,Ekip
15 Мај 2022•Ажурирај: 16 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Финска денес официјално ја потврди својата намера да се приклучи на НАТО-алијансата, изразувајќи подготвеност да се вклучи во разговори со Турција за прашањата што ги подигна за членството на скандинавската земја во НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерскиот комитет за надворешна и безбедносна политика на Финска ја одобри апликацијата за членство во НАТО, соопшти финскиот претседател Саули Ниинисто на прес-конференција заедно со премиерката Сана Марин.
Ниинисто истакна дека е подготвен да се сретне со Реџеп Таип Ердоган за прашањата што турскиот претседател неодамна ги подигна за членството на Финска, особено во врска со тоа што земјата толерира екстремисти и екстремно левичарски терористички групи, вклучително и ПКК, која е на листата на терористички организации на ЕУ.
Истакнувајќи го изненадувањето на Хелсинки од негативниот пристап на Турција кон нивното членство, Ниинисто рече: „Сега ни треба многу јасен одговор.“
Нагласи дека неговата земја влегува во нова ера, опишувајќи го денешниот чекор кон членството како „историски ден“.
Премиерката Марин, исто така, рече дека одлуката за аплицирање за членство во НАТО ќе ја зајакне безбедноста на Финска.
Финскиот Парламент се очекува да ја одобри одлуката утре.