Şerife Çetin
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
БАЗЕЛ (АА) - Генералниот секретар на Северноатлантскиот договор (НАТО), Јенс Столтенберг изјави дека членките на НАТО се договорија за формирање на Центарот за сајбер операции, јавува Anadolu Agency (AA).
По првиот ден од седницата на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Столтенберг на прес-конференција изјави дека членовите на Алијансата го поддржуваат формирањето на силна и агилна командна структура на НАТО.
„Денес постигнавме договор за нацрт командната структура на НАТО", рече Столтенберг, додавајќи дека ќе се формираат две нови команди.
Една ќе биде одговорна за подобрување на транспортот на воени единици во Европа, а втората за заштита на поморските врски помеѓу Европа и Северна Америка.
Тој истакна дека НАТО треба да ги преземе неопходните мерки за зголемување на сајбер безбедноста и истакна дека во врска со тоа е договорено сајберот, покрај воздушниот, копнениот и поморскиот, стане посебна воена област.
Тој, исто така додаде дека сојузниците на НАТО одлучија да ги обединат своите национални способности во областа на сајбер-одбраната.
На крајот, тој истакна дека министрите за одбрана на Турција, Франција и Италија потпишаа писмо со намери да се подобри соработката со цел да се развијат системи за воздушна одбрана.
„Ние со големо задоволство секогаш го поздравуваме зајакнувањето на соработката меѓу сојузниците на НАТО", рече Столтенберг.
Потсетуваме, денес во Брисел започна дводневната седница на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, што е исто така подготвителен состанок за самитот на НАТО што ќе се одржи идната година, исто така во Брисел.
Министрите на земјите членки на НАТО во Брисел, исто така ќе разговараат за актуелната криза поврзана со нуклеарната закана на Северна Кореја, ситуацијата во Авганистан и борбата против терористичките организации.