Emel Öz Gözellik
09 Ноември 2017•Ажурирај: 10 Ноември 2017
БОГОТА (АА) - Во Колумбија вчера беа запленети 12 тони кокаин, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните лица истакнаа дека истовремено биле извршени акции и на плантажите со банани.
Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, соопшти дека станува збор за најголемата количина на кокаин запленета одеднаш во историјата на земјата.
Полицијата истакна дека запленетиот кокаин му припаѓа на Даиру Усуги, лидерот на организацијата „Заливски клан“. Приведени се четири лица.