Bahtiyar Abdülkerimov
15 Мај 2022•Ажурирај: 18 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Украинските власти денес соопштија дека на голем конвој возила со луѓе им е дозволено да го напуштат пристанишниот град Мариупол, кој е под опсада на руските сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Петро Андриушченко, заменик-градоначалникот на Мариупол, изјави дека руските сили дозволиле голем конвој од илјада возила да премине во Запорожје по три дена чекање.
Се наведува дека ова е најголемата еднодневна евакуација од Мариупол од почетокот на војната на 24 февруари.
Досега во војната во Украина, што започна на 24 февруари, загинале најмалку 3.573 луѓе, а 3.816 се повредени, според проценките на Обединетите нации (ОН). Се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Над 6 милиони луѓе пребегаа во други земји, а околу 7,7 милиони се внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН.