Ekipa
14 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
ЗАМБОАНГА (AA) - Филипините го подигнаа степенот на предупредување за вулканот Мајон во северната провинција Албај, по исфрлувањето на чад и пепел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мејон, еден од најактивните вулкани во земјата, вчера попладне почна да исфрла пепел 2,5 километри во воздух што траеше околу два часа. Новата активност на вулканот се случи рано утринава.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Philvolcs) денес го подигна предупредувањето на ниво 2, што значи дека сегашната активност е веројатно од магматско потекло, што на крај може да доведе до опасни ерупции.
Институтот го повика локалното население да биде претпазливо, да носи маски за лице, како и да не се приближуваат на шест километри од локацијата на вулканот.
Поради опасноста од големи ерупции, најмалку 900 семејства ја напуштија областа околу вулканот Мајон.
Се верува дека во последните 400 години вулканот имал 49 ерупции. Најразорниот се случил во февруари 1841 година, кога загинале 1.200 лица.