Emel Öz
20 Декември 2021•Ажурирај: 22 Декември 2021
МАНИЛА (АА) - Бројот на загинати лица во катастрофата предизвикана од тајфунот Раи на Филипините е зголемен на 375, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тајфунот Раи ги погоди средишните и југоисточните делови на Филипините, а полицијата денес соопшти дека од последиците на тајфунот се повредени најмалку 500 лица.
Ветерот достигна брзина од 198 километри на час, а спасувачките екипи трагаат по најмалку 56 лица кои исчезнале при налетот на тајфунот, во свлечиштата и пороите.
Природната катастрофа погоди област во која живеат околу 780.000 луѓе, а околу 400.000 луѓе беа евакуирани од најтешко погодените подрачја.
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ги посети областите погодени од тајфунот и вети 40 милиони долари помош.