Gamze Türkoğlu Oğuz
14 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
МОНТЕСИТО (АА) - Најмалку 19 лица загинаа во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од поројните дождови што ја погодија сојузната американска држава Калифорнија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните власти соопштија дека бараат пет исчезнати лица, а наредена е евакуација на околу 9.000 луѓе од областите каде што се преземаат активности за отстранување на рушевините.
Повеќе од 100 куќи беа затрупани, а голем број од тие објекти се наоѓаат во Монтесито, каде што живеат многу познати личности. Меѓу станбените објекти на кои е направена штета се наоѓа и домот на ТВ водителката Опра Винфри.