Muhammed Emin Canik
28 Март 2024•Ажурирај: 29 Март 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку шест лица загинаа во израелски напад врз Палестинци кои чекаа хуманитарна помош во градот Газа, јавува Анадолу.
Според државната палестинска новинска агенција ВАФА, израелската армија продолжува да напаѓа различни делови на градот Газа.
Најмалку шестмина Палестинци загинаа во нападот на израелските сили врз цивилите што чекаа хуманитарна помош во индустриската зона во источниот дел на градот Газа.
Десетици луѓе од семејствата на „Ал Бана, Канита, ал Шафера, Абу Хасира, Аџур, Сакалах, Шеих, Ал Хелис и Ал Савафири“ се убиени откако израелската армија упадна и ги гаѓаше куќите околу болницата Шифа.
Голем број се ранети, а многу луѓе останаа заробени под урнатините.
Поради постојаната опсада на израелската армија околу болницата Шифа и областа Римал, многу тела се наоѓаат на улиците, а некои се во фаза на распаѓање.
Голем број Палестинци загинаа кога израелски воени авиони бомбардираа четири куќи во бегалскиот камп Шати во западниот дел на градот Газа.
Израелската армија бомбардираше две куќи во областа Наср во градот Газа, една куќа во Шуџаи и многу куќи во Зејтун.
Пожар избувна во бегалскиот камп Џабалија.
Израел постојано ги гаѓа Палестинците кои чекаат хуманитарна помош во Појасот Газа.
Во нападот на израелската армија врз Палестинците кои чекаат хуманитарна помош на раскрсницата Наблус на улицата Рашид во јужниот дел на градот Газа на 29 февруари загинаа 118 лица, а 760 беа повредени.
Членот на палестинскиот законодавен совет Мустафа ал Бергуси објави дека израелската војска во Газа убила 560 Палестинци додека чекале хуманитарна помош, а ранила повеќе од 1.500.
Освен што продолжи да ги напаѓа цивилните населби, болниците, училиштата и засолништата каде што раселените Палестинци се засолнети од 7 октомври минатата година, исто така, израелската армија го спречи влезот на хуманитарна помош и го осуди народот на гладување во Појасот Газа, каде што има 2,3 милиони жители.
Израел започна напади врз Појасот Газа по 7 октомври минатата година по прекуграничниот напад на Хамас и оттогаш се убиени најмалку 32.552 Палестинци, главно жени и деца.
По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да преземе мерки за спречување на геноцидот.