свет

СЗО: Само десет од 36 болници во Газа даваат делумни услуги

- Гебрејесус нагласи дека медицинскиот персонал, пациентите и цивилите мора да бидат заштитени

Muhammet İkbal Arslan  | 28.03.2024 - Обновена : 29.03.2024
СЗО: Само десет од 36 болници во Газа даваат делумни услуги

ЖЕНЕВА (АА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека само десет од 36 болници во Газа делумно даваат услуги и дека здравствениот систем едвај опстојува, јавува Анадолу.

Гебрејесус на платформата на социјалната мрежа Х сподели информации за здравствената состојба во Газа, која е под интензивни израелски напади.

„Од 36 болници во Газа само десет обезбедуваат делумни услуги“, нагласи Гебрејесус.

Тој рече дека здравствениот систем едвај опстојува.

Гебрејесус нагласи дека болницата Амал, која се наоѓа во Хан Јунис во јужниот дел на Газа и е поврзана со палестинската Црвена полумесечина, престана да дава услуги поради судирите во и околу објектот на 26 март.

Повторувајќи го повикот за итен прекин на нападите врз болниците во Газа, Гебрејесус истакна дека медицинскиот персонал, пациентите и цивилите мора да бидат заштитени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.