Davit Kachkachishvili
21 Март 2022•Ажурирај: 22 Март 2022
КИЕВ
- Украина соопшти дека 8 лица го загубиле животот во нападот на руската армија врз трговскиот центар во главниот град Киев, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Генералното обвинителство на Украина, се наведува дека во ноќниот напад на трговскиот центар во областа Подилски во Киев настанале големи урнатини.
Исто така се наведува дека утврдиле дека руската армија извршила напад со употреба на забранети воени средства.

„Според првичните информации животот го загубија 8 лица. Се работи на добивање на целосни информации за загинатите и ранетите. Спасувачките екипи и безбедосните сили продолжуваат со своите активности“, се нагласува во соопштението.
Во соопштението се наведува дека по нападот трговскиот центар е неупотреблив, искршени се стаклата на околните куќи, а оштетени се и автомобилите паркирани во околината.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко во објавата на неговиот профил на Телеграм, соопшти дека експлозии се слушнале и во областа Подилски во Киев.