Nazir Aliyev Tayfur
20 Март 2022•Ажурирај: 21 Март 2022
КИЕВ (АА) - Советникот на украинскиот претседател, Олексеј Арестович, изјави дека напредувањето на Русија на сите фронтови е запрено, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Руското напредување на сите фронтови е запрено. Руската страна нема моќ да го смени овој тренд“, порача Арестович, оценувајќи го 25. ден од руските напади врз Украина.
Наведувајќи дека страните во меѓувреме се впуштаат во нови тактички акции, Арестович рече дека судирите продолжуваат и додаде:
„Ние се бориме подобро.“
Посочувајќи дека во Русија започнале притисоци врз воениот персонал, Арестович рече дека како резултат на инспекциите на руската Федерална служба за безбедност, дури и командантите на војската почнале да се обвинуваат за кукавичлук и слабост на карактерот.