Ruslan Rehimov
20 Март 2022•Ажурирај: 21 Март 2022
КИЕВ (АА) – Досега во војната во Украина загинале приближно 14.700 руски војници, соопшти денес украинската Војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Украинските сили уништиле 96 руски авиони, 118 хеликоптери, 476 тенкови, 1.487 оклопни возила, 947 други возила, 21 беспилотно летало, 60 цистерни со гориво и три чамци, се наведува во најновите податоци на украинскиот Генералштаб.
Оттаму се додава дека уништени се и најмалку 230 руски артилериски системи, 74 повеќецевни ракетни фрлачи и 44 системи за противвоздушна одбрана.
Руската страна, исто така, ги сподели најновите бројки за загубите на украинска страна.
„Вкупно, од почетокот на специјалната воена операција уништени се 207 беспилотни летала, 1.467 тенкови и други оклопни борбени возила, 148 повеќецевни ракетни фрлачи, 573 парчиња теренска артилерија и минофрлачи на гранати, како и 1.262 единици специјални воени возила“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Бројот на жртви и причинета штета од двете страни, сепак, не се потврдени од независен извор.