Dmitri Chirciu
20 Март 2022•Ажурирај: 22 Март 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека е погоден воен центар за обука во Украина, каде што се наоѓале странски платеници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството, Игор Конашенков, наведе дека Руските вооружени сили и таканаречената сепаратистичка администрација во Донбас продолжуваат да напредуваат во Украина и дека зазеле одредени населени места.
Напоменувајќи дека продолжуваат да уништуваат објекти од воената инфраструктура во Украина, Конашенков рече дека за таа цел ја користеле крстосувачката ракета „Калибр“ и хиперсоничниот проектил „Кинџал“ од Црното и Каспиското Море.
Конашенков наведе дека во последните 24 часа во Украина се уништени 62 воени инфраструктурни објекти.
„Центарот за обука за специјални операции на Вооружените сили на Украина, во близина на населеното место Овруч во подрачјето на Житомир, каде што се наоѓаат и странските платеници кои дојдоа во Украина, е погоден со високопрецизни проектили. Уништени се над 100 војници и странски платеници“, рече Конашенков.
Тој ја сподели информацијата дека досега се уништени 207 беспилотни летала, 1.467 тенкови и разни оклопни возила, 148 противвоздушни ракетни системи, 573 хаубици и минофрлачи и 1.262 специјални воени возила на украинската Војска.