Emre Aytekin
21 Март 2022•Ажурирај: 22 Март 2022
АНКАРА
Авионот на „China Eastern Airlines“, со 133 патници се урна во автономната област Гуангкси Џуанг на југот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на локалните медиуми, патничкиот авион од типот „Боинг 737“ кој летал од Куенминг, центарот на провинцијата Јунан, кон Гуангџоу, центарот на провинцијата Гуангдонг на исток, се урнал во планинскиот регион на градот Вуку на автономната област Гуангкси Џуанг.
Во областа каде што се урна авионот со 133 патници избувна пожар. Сѐ уште нема информации за починати или повредени.