Mehmet Yılmaz
04 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
БУДИМПЕШТА (АА) - Доналд Туск, претседателот на Европската народна партија (ЕПП), изјави дека и понатаму на сила ќе остане суспензијата на Унгарскиот граѓански сојуз (Фидес) во ЕПП, јавува Агенција Анадолија (AA).
Европската народна партија во март минатата година од своите редови ја суспендираше партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
За суспендирањето на владејачката партија во Унгарија тогаш гласаа 190, а против беа тројца члена на Собранието на Европската народна партија (ЕПП).
Суспензијата подразбира дека Фидес не може да учествува на состаноците на ЕПП, дека нема право на глас и дека нема право да предлага кандидати за која било функција.
Туск изјави дека одлуката за суспендирање и понатаму останува на сила затоа што Будимпешта нема постигнато значителен напредок по прашањето за кршењето на демократските стандарди.
„Мислењето на мнозинството од нашето политичко семејство е сосема јасно. Во Будимпешта нема доволно напредок, нема видливи промени кога станува збор за демократските стандарди, владеењето на законите и слободата на говорот“, изјави Туск пред новинарите по состанокот со највисоките претставници на ЕПП во Брисел.
Некои членови на Европската народна партија (ЕПП) тврдат дека партијата на Орбан значително се оддалечила од темелните христијанско-демократски идеи и вредности и дека „води антиевропска кампања“.