Muhammet Kurşun
04 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во рамки на операциите извршени од март 2019 година досега, во Иран запленети се 716 тони наркотични средства, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Насир Аслани, заменик-шефот на Агенцијата за борба против наркотици, во изјава за државните медиуми тврди дека запознавањето на младите со наркотиците е дел од планот на империјалистичките сили за културно, социјално и економско влијание, и рече дека ќе водат борба против тоа.
Аслани информираше дека од 21 март 2019 година, што е почеток на новата година според иранскиот календар, досега запленети биле 716 тони наркотични средства, и дека во операциите извршени против наркобандите претрпеле голема загуба на животи.
Што се однесува до употребата на наркотици, Иран се наоѓа на второ место во светот. Во извештаите на Агенцијата за борба против наркотични средства при Обединетите нации (ОН) се наведува дека по Европа, Иран се наоѓа во второ место во светот што се однесува до употребата на наркотоци.
Се вели дека наркотиците се еден од основните проблеми во Иран.