Hajer M'tırı
07 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Комитетот на Европскиот парламент за надворешни работи денес препорача укинување на визниот режим за Грузија, Украина и Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Членовите на Комитетот усвоија три предлози „повикувајќи го Комитетот за граѓански слободи да ја преземат оваа препорака, бидејќи овие земји постигнаа значаен напредок во имплементација на утврдените одредници за укинување на визниот режим што ќе придонесе за унапредување на меѓусебните контакти”, се вели во според официјалното соопштение.
Во случајот со Украина, 42 од вкупниот број гласачи беа „за”, тројца „против” и шест „воздржани”. Предлогот на Грузија беше прифатен од страна на 43 гласови, пет гласа „против” и три „воздржани”. Косово беше поддржано со 38 гласа, седум беа „против” и шест „воздржани”.
Предлозите ќе бидат испратени до Комитетот за граѓански слободи, каде што ќе се чека нивно изгласување по летните одмори.