Michael Sercan Daventry
07 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
ЛОНДОН (АА) - Британија нема да одигра разумно доколку ги започне преговорите за излез од ЕУ затоа што сè уште не е подготвена, изјави денес британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд, пред комитетот на законодавците, јавува Anadolu Agency (AA).
Хамонд изјави дека Владата на Велика Британија треба да го започне процесот за напуштање на ЕУ со активирање на Членот 50 од Лисабонскиот договор, формален механизам за завршување на членството, но рече дека заминувањето нема да започне сè додека наследникот на премиерот Давид Камерон не ја презеде функцијата.
Британската владеачка Конзервативна партија е во процес на избирање на нов лидер по оставката на премиерот Камерон по резултатот од минатомесечниот референдум за Брексит.
Хамонд пред Комитетот за надворешни работи на Долниот дом на Парламентот денес изјави дека „Одлуката во врска со начинот на делување до ЕУ и изразувањето на своите гледишта како Влада за понатамошните чекори ќе биде во рацете на премиерот. Ова е неиспитан процес. Никој го нема сторено ова претходно”.
„Во однос на активирање на Членот 50, мојата оценка е дека не би било во најдобар интерес за Велика Британија, да го активира Членот 50 веднаш”, изјави министерот.
„Членот 50 го одбројува времето и во моментов не сметам дека преговорите треба да се започнат поради различни причини. Немаме премиер на функција и во моментов не сме во состојба веднаш да започнеме со одржливи преговори и поради тоа нема да биде разумно да се започне процесот кој одбројува со активирање на Члеот 50”.
Речиси 52 отсто од британските гласачи на референдумот одржан на 23-ти јуни гласаа за излегување на Велика Британија од Европската Унија, чија членка беше 43 години.