Fırat Taşdemir
27 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција, соопшти дека Турските вооружени сили (ТСК) и државните институции ја реновирале болницата во Тел Абјад, која од страна на терористичката ПКК/ЈПГ беше претворена во седиште на таа организација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството се наведува:
„Болницата Тел Абјад, која беше претворена во седиште на терористичката организација ПКК/ЈПГ е реновирана од страна на Турските вооружени сили (ТСК) и државните институции. По реновирањето, во болницата се продолжува со лекувањето на нашите сириски браќа. Бебињата безбедно ги отвораат очите кон светот благодарение на поликлиниката за Гинекологија.“