Yusuf Hatip
27 Ноември 2019•Ажурирај: 28 Ноември 2019
СТРАЗБУР (АА) - Европскиот парламент денеска го потврди новиот состав на Европската комисија. За новата Комисија, под водство на Урсула вон дер Лејен, гласаа 461 пратеник, против беа 157, додека 89 беа воздржани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Новата Комисија, откако денеска доби „зелено светло“, својот петгодишен мандат од претходникот Жан Клод Јункер ќе го преземе на 1 декември, а мандатот ќе трае до 31 октомври 2024 година.
Комесар за проширување на Европската Унија е унгарскиот политичар Оливер Вархелји, кој во периодот од 2014 до 2019 година во својата земја ја извршуваше должноста министер за правда.
Федерика Могерини, на позиција висока претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, ќе го замени Јосеп Борел (72), кој ќе ја извршува функцијата потпретседател на ЕК.
За потпретседатели на ЕК именувани се Франс Тимерманс (Холандија), кој ќе биде комесар за климатски промени, Маргрет Вестажер (Данска), комесарка за единствен дигитален пазар и Валдис Домбровскис (Литванија), кој ќе биде и комесар за економски и финансиски работи, оданочување и царина.
Останатите потпретседатели се Марош Шефчович (Словачка), Вера Јоурова (Чешка), Дубравка Шуица (Хрватска) и Маргаритис Шинас (Грција).
Урсула вон дер Лејен истовремено е и прва жена која ја извршува функцијата претседателка на Европската комисија.
Со политиката започнала да се занимава на 43 години, и таа е прва жена на функцијата министерка за одбрана на Германија, која ја извршува од 2013 година, па наваму.
Лејен (61), која е родена во Белгија, на 13 години се доселила во Германија. Се приклучила на Христијанско демократската унија (SDU).
Таа е мајка на седум деца, а има завршено Медицински факултет во Хановер. Зборува германски, француски и англиски јазик.
Јоханес Хан (Австрија) е новиот комесар за буџет и администрација.
Дидер Рејндерс (Белгија) го презеде ресорот за правда, Марија Габриел (Бугарија) - ресор за иновации и млади на ЕУ, додека Стела Кириакидес (Кипар) ќе биде одговорна за ресорот на здравство.
Кадри Симсон (Естонија) е задолжен за ресор за енергеитка, Јута Урпилаинен (Финска) за меѓународни партнерства, а Tери Бретон (Франција) за внатрешен пазар.
Јануш Војчеховски (Полска) за земјоделство, Елиса Фереира (Португалија) за реформи, Адина Ваелен (Романија) за секторот за транспорт, Јанез Ленарчич (Словенија) за управување со кризи и Илва Јохансон (Шведска) за внатрешни работи.
Фил Хоган (Ирска) е именуван за комесар одговорен за трговија, Паоло Џентилони (Италија) го презема ресорот за економија, Вирџиниус Синкевичиус (Литванија) ќе биде надлежен за животната средина, Николас Шмит (Луксембург) за пазарот на труд и Хелена Далили (Малта) за граѓански права.