свет

Урсула фон дер Лајен е новата претседателка на Европската комисија

За Урсула фон дер Лејен на челното место на Комисијата гласаа 383 пратеници, додека 327 беа против, а 22 воздржани. Само едно ливче беше неважечко

Yusuf Özcan  | 17.07.2019 - Обновена : 17.07.2019
Урсула фон дер Лајен е новата претседателка на Европската комисија

СТРАЗБУР (AA) - Европскиот парламент денес за претседателка на Европската комисија ја потврди Урсула фон дер Лајен, досегашната министерка за одбрана на Германија, јавува Anadolu Agency (AA).

За Урсула фон дер Лајен на челното место на Комисијата гласаа 383 пратеници, додека 327 беа против, а 22 воздржани. Само едно ливче беше неважечко.

За да може да стане претседателка на Комисијата, фон дер Лајен требаше да добие поддршка од апсолутното мнозинство пратеници, односно најмалку 374 гласови.

Фон дер Лајен на почетокот на овој месец Европскиот совет, кој го сочинуваат челниците на 28 земји на ЕУ, ја предложи за наследничкат на Жан Клод Јункер.

Во обраќањето пред Парламентот пред гласањето истакна дека климатските промени се главен проблем со кој се соочуваат Европа и светот.

„Најголемиот предизвик моментално е нашата планета да остане здрава, тоа е најголема одговорност на нашите времиња", рече Фон дер Лајен и додаде дека сака Европа да стане прв континент со нулта стапка на емисија на C02 до 2050. година.

Фон дер Лајен е првата претседателка на Комисија. Со политика почна активно да се бави на 43 години,а денес 61 годишната Лајен воедно е и првата жена на позицијата министерка за одбрана во Германија, која ја извршуваше од 2013 година.

Родена е во Белгија, а со 13 години почина во Германија каде подоцна стана член на Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

Лајен неколку пати повикуваше на формирање европска војска, а се работи за личност против која е покрената истрага под наводите дека во нејзината канцеларија долго време работеле советници кои не се министерски персонал.

Дипломираше на Медицинскиот факултет во Хановер, а мајка е на седум деца. Освен германски, зборува француски и англиски јазик.

Мандатот на сегашниот претседател на ЕК, Јункер, истекнува на 31 октомври, а Лајен би требала да го наследи веќе од 1 ноември.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.