Gamze Türkoğlu Oğuz
16 Јули 2019•Ажурирај: 17 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Речиси половина од младите во Соединетите Американски Држави (САД) сакаат да живеат во социјалистичка земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според анкетата спроведена од истражувачката агенција „Харис Пол“, 49,6 отсто од генерацијата „Z“, родени во периодот од 1997 до 2012 година, сакаат да живеат во социјалистичка земја, објави магазинот „Национален интерес“ (The National Interest).
Резултатите од истражувањето, објавено на веб-страницата за вести „Аксиос“ (Axios), исто така покажа дека 73,2 отсто од младите Американци мислат дека Владата треба да обезбеди универзална здравствена заштита, а две третини од анкетираните се на став дека Владата треба да ги покрие универзитетските школарини.
Во Соединетите Американски Држави, 43,1 процент од генерацијата „Z“ и генерацијата „Y“, родени во периодот од 1981 до 1996 година, го поддржуваат затворањето на американската Служба за имиграција и царина.
Стеф В. Кајт, еден од колумнистите во „Аксиос“, во однос на анкетата рече: „Политичките гледишта на младите луѓе често се менуваат како што стареат, но нивната поддршка за социјалистичките политики е знак дека старите правила на политиките брзо се менуваат.“