Şerife Çetin
27 Ноември 2019•Ажурирај: 29 Ноември 2019
СТРАЗБУР
Европскиот парламент го усвои Нацрт-законот со кој се упатува апел до земјите членки на Европската Унија да ги земат назад децата на странските терористички борци кои се нивни државјани, јавува Агенција Анадолија (АА).
На Генералното собрание на Европскиот парламент во Стразбур, со 495 гласа „За“ и 58 гласа „Против“ изгласан е Нацрт-законот под наслов „Права на децата: борба против злоупотребата, сексуалното вознемирување и принудниот брак“.
Во одлуката со која се осудуваат сите видови насилство врз децата, се упатува повик до земјите членки на ЕУ да развијат нови стратегии против сите видови злоупотреба на децата и во реалниот живот и во виртуелниот свет.
Во одлуката се истакнува дека е потребно развивање на заедничкиот европски систем за азил, имајќи ги предвид децата мигранти, подвлекувајќи дека наместо мигрантски политики, потребно е предност да ѝ се даде на заштитата на децата.
Во одлуката за децата на странските терористички борци од североисточниот дел на Сирија се вели „Упатуваме повик до земјите членки на ЕУ, да ги земат назад децата на странските терористички борци кои се нивни државјани, земајќи ги предвид и специфичните семејни состојби.“