Orhan Onur Gemici
20 Март 2017•Ажурирај: 20 Март 2017
АНКАРА (АА) – Бројот на притворени осомничени лица, во рамките на операциите што се спроведуваат против урбаните структури на сепаратистичката терористичка организација ПКК, се искачи на 960, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, продолжуваат операциите на безбедносните сили, со цел да се спречат активностите на терористите на ПКК, по периодот на зимата.
Во рамките на операциите што започнаа на 9. март низ целата држава, против терористичките групи под имињата ДГХ и КЏК-ТМ, притворени се уште 220 сомнителни лица.
Бројот на притворени сомнителни лица од страна на полициските и жандармериските единици, помеѓу 9 – 20 март се искачи на 960.
Министерството за внатрешни работи на Турција на 18. март беше соопштило дека во рамките на операциите против ПКК се притворени 740 сомнителни лица.