Sarp Özer
12 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ која турските вооружени сили ја спроведуваат веќе 173 дена против терористите позиционирани во северниот дел од Сирија, од копно и од воздух погодени се 207 позиции на ДЕАШ, при што се неутрализирани 42 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од турските вооружени сили, со цел да се елиминира заканата која доаѓа од терористичките организации, првенствено од ДЕАШ, како и за да се зголеми безбедноста на границата и да им се даде поддршка на коалициските сили, во северниот дел на Сирија продолжува операцијата „Штитот на Еуфрат“ , која започна на 24 август.
Во 173. ден од операцијата единиците на Командата на копнените сили гранатирале 174 позиции на терористичката организација ДЕАШ. Авионите на Командата на воздухопловните сили извеле воздушни операции во кои биле уништени 33 цели. Ва рамките на операцијата спроведена со гранатирање, воздушни напади и директни судири со ДЕАШ, неутрализирани се 42 терористи.