Ahmet Furkan Mercan
16 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турција, истакнувајќи дека насилствата на терористичката организација ПКК продолжуваат и во европските земји, ги повтори очекувањата дека ќе бидат зголемени мерките за заштита на турските претставништва и интересите на граѓаните во овие земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува дека со започнувањето на операцијата „Извор на мирот“, демонстрациите и насилствата на елементите на ПКК во европските земји, и покрај предупредувањата упатени до надлежните институции на земјите, сè уште продолжуваат и дека тие се следат со загриженост.
Во соопштението се потенцира дека е потребно зголемување на мерките за безбедност на имотот и животот на Турците во тие земји и се додава:
„Не може да има објаснување за нечувствителноста на терористичките напади врз работните места и куќи на турското население, џамиите, претставништвата и вработените во турските институции. Ние потсетуваме за нашите очекувања од релевантните земји за да се преземат мерки за заштита на нашите дипломатски и конзуларни претставништва и безбедноста на животот на нашиот персонал и нивниот имот. Очекуваме да се покаже максимална чувствителност во овој поглед. Напаѓачите треба да бидат идентификувани и изведени пред лицето на правдата и да бидат казнети. Треба да се знае дека сето ова ќе биде следено од наша страна.“