свет

Пентагон со исклучок за да трговијата со оружје меѓу САД и Турција не биде погодена од санкции

Пентагон соопшти дека подготвува исклучок со цел трговијата со оружје меѓу САД и Турција да не биде погодена од санкциите кон турското Министерство за национална одбрана

Kasım İleri  | 16.10.2019 - Обновена : 17.10.2019
Пентагон со исклучок за да трговијата со оружје меѓу САД и Турција не биде погодена од санкции

ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за одбрана на САД (Пентагон) соопшти дека подготвува исклучок со цел трговијата со оружје меѓу САД и Турција да не биде погодена од санкциите кон турското Министерство за национална одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).

Висок функционер за одбрана во Пентагон даде изјава за медиумите во која говореше за санкциите кои администрацијата на САД ги спроведува против Турција поради операцијата „Извор на мирот“.

„Министерството за трезор ќе издаде, ако не е сè уште издаден, генерален исклучок со цел активностите кои се во тек, да не бидат погодени од санкциите. Целта е исклучување на воените продажби и други нешта од рамката на санкциите“, рече функционерот кој сакаше да остане анонимен.

„Целта е да се овозможи продолжувањето на официјалните работи, било дипломатските односи водени од страна на Министерството за надворешни работи, било нашите активности“, додаде тој.

Според него, сакаат да ги продолжат дипломатските средби со Анкара со цел Турција да ги запре активностите во Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın