Barış Seçkin
15 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
РИМ (АА) - Италијанските безбедносни сили спасија 180 мигранти кои се наоѓале на баржа на отворени води кај островот Лампедуса, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на италијанската Команда на крејбрежните сили, безбедносните сили на Италија реализираа операција на баржа на која се наоѓале мигранти на отворени води јужно од островот Лампедуса.
Во рамки на операцијата која била реализирана по барање на Малта, биле спасени 180 мигранти.
Од друга страна, според вестите на италијанските медиуми, откриени се остатоците на потонатиот брод кој потона на 7 октомври на отворени води кај Лампедуса. Во оваа несреќа смртно настрадаа 13 лица, од кои 12 жени и едно дете.
Се вели дека остатоците на бродот биле на длабочина од 50 до 60 метри во морето, и дека во наредните денови ќе бидат извлечени труповите. Во овој случај беа спасени 22 мигранти.