Ömer Koparan,Eşref Musa,Adham Kako
15 Октомври 2019•Ажурирај: 15 Октомври 2019
ЏАРАБУЛУС (АА) - Во нападите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, извршени со ракетни и артилериски гаѓања во населените места каде што беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат“, загинаа 6, а повредени се 15 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористичката организација ЈПГ/ПКК која го окупираше Мунбич, кој се наоѓа во северниот дел на земјата, од селата близу реката Саџу со ракетни и артилериски гаѓања ги нападна селата Мирзе, Тел Али и Шуајип во Џарабулус кои се под контрола на воената опозиција.
Во терористичките напади смртно настрадаа 6 цивили, додека 15 цивили се повредени.
Од друга страна, во четири артилериски напади на терористите на ЈПГ/ПКК во Азаз повредени се двајца цивили.
Исто така, терористичката организација ЈПГ/ПКК синоќа изврши минофрлачки напад во Џарабулус кој се наоѓа во зоната каде што беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат“, при што повредени беа 3 деца.