Sayed Khodaberdi Sadat
26 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
КАБУЛ (АА) - Терористичката организација ДЕАШ во покраината Гор во Авганистан усмрти 33 киднапирани цивили, меѓу кои имало и деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Абдулхаи Хатиб, портпарол на канцеларијата на гувернерот на Гор, изјави дека припадниците на теориристичката организација зеле како заложници 33 цивили кои ги воделе животните на пасење.
Кога безбедносните сили на Авганистан дошле да ги спасат заложниците, тие се судриле со припадниците на ДЕАШ. Според зборовите на Хатиб, во судирите е убиен командантот на организацијата (ДЕАШ), поради што терористите за да се одмаздат ги усмртиле сите заложници.
Очевидците изјавија дека во судирите се убиени и тројца припадници на безбедносните сили.