Mehmet Tosun
04 Септември 2018•Ажурирај: 04 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку тројца припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во операцијата што турските безбедносни сили ја изведоа синоќа, на крајниот север на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската Војска соопшти дека антитерористичката операција е успешно изведена во подрачјето на ирачката планинска регија Гара.
Во соопштението се наведува дека цел на синоќешните воздушни напади било новооткриеното засолниште каде што вооружените терористи подготвувале напад на турските погранички сили.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на својата тридецениска терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 лица.
Планините Кандил, Метинам, Авашин-Басјан, Харкук и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое важи за колевка на терористичкото движење ПКК.
Покрај Турција и северен Ирак, турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК и во северниот дел на Сирија.
Акциите се спроведуваат со почитување на територијалниот интегритет на соседните држави, и со цел неутрализација на терористичките закани.