Mahmoud Barakat
03 Септември 2018•Ажурирај: 04 Септември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, денес најави дека постои можност Израел да нападне ирански цели и надвор од Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Израелската државна телевизија го цитираше Либерман, кој истакна: „Ние не се ограничуваме само на Сирија. Тоа треба да биде јасно.“
Говорејќи на конференција во Ерусалим, израелскиот министер за одбрана не објасни повеќе за природата на иранските цели кои можат да бидат нападнати од страна на Израел.
Во последните месеци, Израел призна дека извршил напади врз неколу ирански цели на сириска територија.