Mustafa Deveci
03 Септември 2018•Ажурирај: 04 Септември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во рамките на истрагата спроведена од страна на Израелската војска, приведени се 35 војници поради трговија или користење опојни дроги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави Израелската војска се вели дека Специјалната единица за истрага, која е дел од Војската, спровела истрага во која се приведени 35 лица поради трговија или користење опојни дроги.
Се истакнува дека поголем дел од војниците што се приведени во рамките на истрагата се војници без чинови.
Покрај воени лица, како што се наведува во соопштението, во рамките на истрагата се приведени и неколку цивили. „Овој чекор што го презеде Израелската војска е важен дел од превентивните мерки за забрана на користење опојни дроги меѓу војниците“, се вели во соопштението.
Се очекува во наредните денови приведените војници да бидат изведени пред воен суд.
- Повеќето од половината израелски војници користеле опојни дроги -
Во истрагата што Израелската агенција за борба против дрога (IADA) ја започна во јуни, се истакнува дека во постојан подем е распространувањето наркотични средства меѓу војниците во Израелската војска.
Во истрагата се истакнува дека минатата година, 54,3 отсто од војниците кои служеле во Израелската војска, најмалку еднаш користеле опојни дроги.
До минатата година употребата на опојни дроги во Израелската војска беше криминално дело, па покрај затворската казна, беа спроведувани и други одредени казни. Но од јануари 2017 година, донесена е одлука за измена на оваа законска регулатива, при што, сите војници, освен оние по воените бази, кои ќе користат опојни дроги до петпати, наместо со затвор, ќе бидат казнети со дисциплинска мерка.
Експертите сметаат дека оваа одлука е донесена со цел да се намалат материјалните трошоци предизвикани од истрагите против војниците кои користат опојни дроги, и притоа ним да им се даде втора шанса.