Ekipa
03 Септември 2018•Ажурирај: 04 Септември 2018
ЈАНГОН (АА) - Во сезонските поплави кои го зафатија Мјанмар, загинаа 31, а погодени се над 300.000 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Националниот комитет за справување со катастрофи, поради покачувањето на нивото на водите како резултат на обилните врнежи од дожд во 13 од вкупно 15 региони во Мјанмар, во последните неколку месеци од своите домови евакуирани се 339.742 лица.
Во поплавите животот го загубија 31 лице, а уништени се 487 објекти.
Националниот комитет соопшти дека од 2 септември, во 136 привремени кампови се засолнети 62.435 лица.
Како резултат на поплавите предизвикани од пукањето на браната, на 100 километри североисточно од Јангон, кое се случи на 29 август, раселени се 50.000 лица.
Во поплавите кои зафатија 85 села, поради пукањето на браната, загинаа 7 лица.
Мјанмар секоја година во текот на сезоната на дождови е зафатена од големи поплави, во кои има човечки жртви и голема штета врз обработливото земјиште.